Кризниот штаб на Кочани утврди дополнителни превентивни мерки за претстојниот викенд

Од:

Сообраќајниот претпразничен метеж од централното градско подрачје на Кочани се префрли во другите делови од градот, каде што доминираат малите зелени пазари и големите маркети, поради што на денешната седница општинскиот Кризен штаб утврди дополнителни превентивни мерки.

– За да се воспостави ред и да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот ќе бидат ангажирани комуналните редари, волонтери од општинскиот Црвен крст и други служби кои на локациите каде што се пазарува ќе ги предупредуваат граѓаните за неопходното меѓусебно физичко растојание и за носењето заштитни маски и ракавици. Побаравме поддршка и од полицијата при регулирањето на сообраќајот на местата каде се забележани подолги застои. Слично ќе се постапува и пред верските објекти. Исто така, за претстојниот викенд затворени за посетителите се излетничките места на браната Гратче, Бавчалук, Гоцева Шума, како и на Пониква, истакна градоначалникот Николчо Илијев, кој раководи со Кризниот штаб на Кочани.

Од Општата болница со проширена дејност во Кочани апелираа до пациентите да не ги злоупотребувааат здравствените упати за излегување од дома за време на забраната за движење, како и да ги почитуваат протоколите за телефонски контакт со матичните лекари.

Комуналното претпријатие „Водовод“ повторно упати апел за рационално користење на водата од градската водоводна мрежа, за да се избегнат подолготрајни прекини. Исто така, регистрирано е и тројно зголемување на исфрлањето отпад од домаќинствата, поради што во наредниот период ќе се собира само ѓубрето од кантите и максимално уште две дополнителни вреќи.

Би можело да ве интересира

Се запали куќа во Кочани: Пожарникарите спасија повозрасна жена, три лица завршија во болница

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Костова: Мицкоски гази по достоинството на родителите на жртвите, излезе на виделина суровоста и ароганцијата

(ВИДЕО) Тренчевска: СДСМ поднесе амандман за обезбедување 1,2 милијарди денари за поддршка на настраданите во трагедијата во Кочани

(ВИДЕО) Кузеска: Владата ќе потроши 1,8 милиони евра на кампања за ЕКСПО во Белград, а нема пари за Кочани и за пожарникарите

Горан Наумовски

Support Kocani: Денес пристигна и беше донирана втората пратка компресивна облека на Општата болница во Кочани

Горан Наумовски

Нови амбулантни возила и изградба на Центар за изгореници предлага Левица со амандмани кон ребалансот