Гутереш: Само вакцина може да го врати чувството за нормалност во светот

Од:

Сигурна и ефикасна вакцина ќе биде единственото средство што ќе овозможи да се врати чувството за нормалност во светот, изјави синоќа генералниот секретар на ОН. Антонио Гутериш, изразувајќи надеж дека тоа ќе се случи пред крајот на годината, пренесоа француските медиуми.

„Таквата вакцина ќе спаси милиони човечки животи и ќе заштеди милијарди долари”, рече тој во видеоконференцискиот разговор со претставници на педесетина африкански земји.

Првиот оперативец на светската организација ги поздрави напорите на неколку африкански влади за олеснување на последиците од пандемијата.

Меѓу нив тој ги посочи Уганда, која го одложи плаќањето на данокот за бизнисот, Намибија, која дава помош на луѓето кои ја загубиле својата работа, како и Кабо Верде, која обезбедува помош во храна и Египет, која ги намали даноците во индустријата.

Би можело да ве интересира

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство