Неверојатната Лара Фабијан го трогна светот. Таа објави песна посветена на хероите на денешницата – луѓето кои секојдневно се соочуваат лице в лице со опасноста од пандемијата на коронавирус.
„Нашите срца се пред прозорците и ве поддржуваат“ е пораката на фасцинантната балада „Nos coeurs à la fenêtre“.
50-годишната пејачка рече дека со овој проект сакала да му се заблагодари на медицинскиот персонал и да им испрати на сите во светот позитивни вибрации за време на ова темно и тешко време.