Фудбалерите на Барселона одигра нерешено со ПСЖ, 1:1 но доволно да се пласираат во полуфиналето од најелитното европско клубско натпреварување.
Уште помалку возбудувања во првиот дел од средбата имаше на Камп Ноу каде на местото на Меси во стартните 11 беше Цеск Фабрегас. Најсериозната шанса по првите 45 минути ја имаше Лавеци кој на додавањето на Ибрахимовиќ биеше право во Валдез.
По само 5 минути игра во првиот дел гостите го шокираа противникот откако по контрата на французите, Ибрахимовиќ го пронајде Пасторе кој го отвори резултатот. Тито Виланова брзо реагираше и по 10 минути во игра го внесе Лионел Меси.
Каталонците притискаа по голот на гостите, почнаа да ја плетат мрежата со својата препознатлива и трпелива игра, а тоа резултираше со погодок во 70 минута кога на асистенција на Виља, Педро го израмни резултот со кој Барса оди понатаму.