Северна Кореа го заврши полнењето на балистичката ракета со среден дострел „Мусудан“ со гориво и таа е подготвена за истрелување, јавуваат јапонските медиуми.
Амбасадите во Пјонгјанг засега не го евакуираат својот персонал и покрај предупредувањата на властите за можноста од војна.
Јапонскиот Премиер Шинѕо Абе денеска му нареди на министерството за одбрана да ги преземе сите неопходни мерки за заштита на населението во земјата.
Јапонскиот министер за одбрана Онодера посочи дека се анализираат сите податоци, кои пристигаат од Корејскиот полуостров. Паника се уште нема кај населението во Јужна Кореа, сепак туристите со загрженост гледаат на настаните.
Печатот во Северна Кореа денеска ништо не соопштува за можното истрелување балистички ракети со среден дострел. Главна тема во весници е подготовката за одбележувањето на главниот празник во земјата – роденденот на основачот на Северна Кореа Ким Ил-Сунг, кој е роден на на 15 април.