Состојба со Ковид-19 во светот до 17 часот

Од:

Според најновите податоци, во светот досега се регистрирани 1.873.863 лица заразени со новиот коронавирус. Од нив починати се 116.045, а оздравеле 435.185 лица.

– Австрија утре влегува во втората фаза од борбата против коронавирусот, која ќе биде одлучувачка, соопшти денеска министерот за здравство и ги повика граѓаните да не уништат сè што досега беше постигнато во сузбивањето на епидемијата. Во Австрија утре се отвораат продавниците кои се со големина до 400 метри квадратни и продавниците за градежен и градинарски материјал, со задолжително носење маски – и продавачите и купувачите.

– Врвот на кризата со коронавирусот во САД би можел да се случи оваа недела, соопштија денеска американските здравствени власти, укажувајќи на знаците на стабилизација на состојбата во делови на земјата.

– Во последните 24 часа во Велика Британија се забележани 717 смртни случаи од Ковид-19. Вкупно починаа 11.329 лица. Во Велс од вчера има 313 нови случаи на заразени, односно вкупно 5.610, а вкупно 384 починаа. Во Англија има 667 смртни случаи од почетокот на месецот, со што вкупниот број на починати од Ковид-19 достигна 10.216 лица. Во Шкотска во изминатите 24 часа се евидентирани девет смртни случаи, а во Северна Ирска шест.

– Во последните 24 часа во Србија се дијагностицирани 424 нови случаи на Ковид-19, со што вкупната бројка се искачи на 4.054. На респиратор се 138 луѓе.

– Косовските власти денеска ја ставија престолнината Приштина во карантин, откако беше соопштено за 79 новозаразени во тој град.

– Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД се најмалку 557.590 заразени, а 22.109 починале од Ковид-19.

– Потврдениот број на заразени во Русија за едно деноноќие се зголеми за рекордни 2.500 случаи, што е 16-отстотен раст во однос на претходниот ден и сега во таа земја има над 18.300 заразени. Речиси две третини, или околу 11.500, од заболените живеат во Москва.

– Стотици лекари и медицински персонал во БиХ се на боледување на врвот на епидемијата на Ковид-19. Во земјата, до денеска, има над 1.000 заразени и 39 починати.

– Како и Кина, и Сингапур со соочува со втор бран од епидемијата. За 24 часа има 233 нови случаи. Властите нагласуваат дека 167 од нив немаат поврзаност со познат кластер на случаи.

– Полицијата во Подгорица поднесе кривична пријава против едно лице, бидејќи со мобилен телефон го снимал постапувањето на полициски службеници пред црква во црногорската престолнина. Снимката потоа ја споделил на социјалните мрежи,  што предизвикало „вознемирување на општествената заедница“. Тој е приведен и испитан за околностите на случајот, а надлежниот обвинител рече дека станува збор за кривично дело предизвикување паника и нереди на штета на општествената заедница.

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски