СПЦ бара власта да ја прекине забраната за движење за Велигден

Од:

Архиерејскиот синод на Српската православна црква (СПЦ) побара од државниот врв да одобри привремена суспензија на забраната за движење за Велигден, за православните христијани кои не се во самоизолација да можат да учествуваат на литургијата на својот најголем празник, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што се наведува во соопштението по седницата, Синодот предложи забраната да се укине од пет до десет часот в недела, на 19 април.

Синодот исто така изрази братска љубов и солидарност со митрополитот Амфилохије, како и огорченсот поради постапките на црногорските власти кон него.

Амфилохије и неговите соработници во неделата беа приведени на информативен разговор во Центарот за безбедност во Подгорица под обвинение дека служејќи литургија во манастирот Златица и пред Соборниот храм ги прекршиле мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, а откако бил известен обвинителот, тие биле ослободени.

Би можело да ве интересира

Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

А1он

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје по повод Велигден

Велики петок – најтешкиот ден во годината

Работно време на Управните служби на МВР за време на Велигденските празници

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија