ВИДЕО: Чувствителна порака на американски војник од Авганистан

Од:

Еден американски војник, кој во моментов се наоѓа во Авганистан, во воен авион снимил чувствувална порака за својот брат, бидејќи не можел да присуствува на неговата свадба.

Видео снимката, која всушност е свадбен подарок е поставена на „Јутујб“.

-Мојот брат не присуствуваше на венчавката, бидејќи се наоѓа во Авганистан, но не изненади со чувствителната снимка, која ја сними во авион. Не се потребни зборови за да објаснам колку не растревожи – напиша под поставената снимка Брендон Криволејви.

На видео снимката, војникот му посака на својот брат да ужива со сопругата Менди во бракот и заедничкиот живот да го сфатат како патување.

-Додека бевме деца, имаше денови кога сакавме да се убиеме. Но, кога пораснавме сфативме дека всушност многу сме слични еден на друг. Тешко ми паѓа што не можеме почесто да се гледаме – стои во пораката.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија