Европскиот Парламент ги отвора вратите за бездомните лица и ранливите категории граѓани за време на пандемијата

Од:

Европската политика речиси во целост се „крои“ онлајн по пандемијата од коронавирусот, а со тоа во Брисел речиси останаа празни просториите на Европскиот Парламент, по што беше донесена одлука дека капацитетите на објектот можат да се користат за борба против Ковид-19.

„Решивме една од зградите да ја направиме достапна за болните лица и за најранливите категории граѓани во општеството за време на оваа сериозна здравствена криза“, изјавил претседателот на ЕП Давид Сасоли преку видео обраќање.

Една од зградите ќе биде поделена на два дела. Едниот дел ќе биде за бездомните, а другиот за оние кои ќе ги напуштат болниците, но нема да можат да се вратат во домовите.

Кујните во Европскиот Парламент ќе работат со полн капацитет.

„Секој ден, во нашите кујни ќе се подготвуваат повеќе од 1.000 оброци кои ќе се дистрибуираат на оние на кои им се потребни, вклучително и на здравствените работници. Сочувствуваме со оние кои страдаат и со оние кои работат без престан во нашите болници“, додаде Сасоли.

Би можело да ве интересира

Драма во Белгија: Вооружен маж се обиде да влезе во премиерската резиденција

Пукотница во Андерлехт: Едно лице загина, друго е повредено

Горан Наумовски

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on