Израелската влада денеска одобри воведување карантин во неколку делови на Ерусалим, вклучувајќи го и Стариот град, во обид да го спречи ширењето на коронавирусот во најчувствителните квартови на градот.
Мерката стапи на сила денеска напладне.
Израелското Министерство за здравство соопшти дека во земјата се потврдени повеќе од 10.000 случаи на заразени со Ковид-19, а починати се сто лица.
Околу една петтина од сите случаи на зараза во Израел се регистрирани во Ерусалим.
Строгите ограничувања на јавните собири ги ограничија и верските настани во Ерусалим овој април, кога се слави празникот Еврејска Пасха, христијански Велигден и почетокот на муслиманскиот свет месец Рамазан.