Општина Кочани подготвена за претстојната викенд-изолација

Од:

Кризниот штаб на Општина Кочани на денешната седница ја анализираше подготвеноста на дежурните служби и инстиуции за претстојниот викенд и забраната за движење на граѓаните, при што беше констатирано дека мерките се почитуваат во рамки на владините препораки.

– Подготвени сме со тимови за услуги на старите, изнемоштените и за лицата со хендикеп. Тоа се лица ангажирани со проектот за Општинско корисна работа, од Мобилниот сервис за домашна посета и Црвениот крст. Определивме претставници од месните заедници коишто ќе контактираат со лица од населените места, издадени се дозволи за правни субјекти за онлајн работа и достава на продукти од маркети, аптеки, достава на храна од ресторани и такси превоз, истакна градоначалникот на Кочани, Николчо Илијев.

Илијев информираше дека поради тоа што целата општинска администрација во Чешиново-Облешево е во домашна изолација, локалната самоуправа на Кочани ќе им издава дозволи за движење и на граѓаните од соседната општина.

Општинскиот кризен штаб констатираше дека граѓаните на Кочани досега доследно ги почитуваат мерки за ограничено движење. Сепак, според податоците на Одделението за внатрешни работи, во некои делови од градот, во последните десет дена е зголемен бројот на имотни деликти, поради што се преземаат мерки безбедносната состојба да се држи стабилна.

Кај матичните лекари од Кочани изминативе два дена се реализирани само 17 прегледи, што е уште еден доказ дека пациентите сериозно се придржуваат до препораките за заштита од коронавирусот.

Според податоците од Центарот за јавно здравје, досега се направени 129 тестови за коронавирус, од кои 66 се негативни а за 44 се очекуваат резултати. Во Кочани, Чешиново-Облешево и Зрновци досега се евидентирани вкупно 19 лица заболени од КОВИД-19.

Би можело да ве интересира

Жителите на Кочани ја добија битката: Советот донесе одлука да не се депонира отпад од други општини на градската депонија

Катерина Ѓуровски

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани

Левица: Крмов бара проблемот со загадувањето во Кочани да се најде пред пратениците

Мртва жена со повреди била донесена во болница

Маж од Кочани истепал дете, а нападнал и полицаец

Насилство во Кочани: Тројца мажи оштетиле возило, а еден од нив нападнал жена