Гутереш: Пандемијата е закана за меѓународниот мир и безбедност

Од:

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги предупреди членките на Советот за безбедност на Светската организација дека пандемијата на коронавирусот се заканува на меѓународниот мир и безбедност и потенцијално води кон зголемување на социјалните немири и насилства, што во голема мерка може да ја загрози можноста за борба против болеста.

Гутереш, на првиот состанок на СБ на ОН за пандемијата на коронавирусот, го повика телото да се обедини во борбата против болеста, посочување дека неговото учество ќе биде клучно за ублажување на ефектите од пандемијата врз мирот и безбедноста.

Гутереш додаде дека „знак на единство и одлучност“ на Советот за безбедност на ООН би значело „многу во ова анксиозно време“.

Состанокот на СБ на ОН преку видео-конференциска врска „зад затворени врати“ беше првата средба на тоа тело посветена на пандемијата, по што беше издадено кусо соопштение во кое се дава поддршка за „сите напори на генералниот секретар во врска со потенцијалното влијание на пандемијата на Ковид-19 врз погодените земји и потсетува на потребата од единство и солидарност со нив“.

Би можело да ве интересира

Полјански: Труењето со осиромашен ураниум ќе прогонува 60 идни генерации на Балканот

Советот за безбедност на ОН не ја усвои американската резолуција со која се бара итен прекин на огнот во Газа

Од почетокот на војната речиси 20.000 деца се родиле во пеколот на Газа

А1он

ОН: Газа станува гробница на луѓето заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата

ОН: Израелската опсада на Газа и наредбата за евакуација може да претставуваат меѓународно злосторство

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски