Во овие моменти Галатасарај и Реал Мадрид го играат реванш дуелот од четвртфиналето, а гостите од Шпанија имаат предност од 1:0.
Во 7-та минута Озил го проигра Кедира по десната страна, тој нафрли во петерецот каде се најде Роналдо и лесно ја затресе мрежата на Муслера за 1:0, па така Реал уште на стартната фаза од натпреварот водеше со вкупни 4:0.
Беше ли Роналдо во офсајд одлучете самите…