Според најновиот извештај за финансиските резултати на HTC, резултатите не се баш добри.
По лошото работење во втората половина минатата година, HTC се надеваше дека ќе успее да се врати во нормала со One, но проблемите во производството значеа дека компанијата мораше да го одложи претставувањето. До сега One беше лансиран само во три земји.
Оваа компанија се уште може да се опорави од лошите резултати поради тоа што во Америка ќе се појави на пазарот пред конкурентскиот телефон „Galaxy S4“ чие влегување во продавниците е закажано за 26-ти април.
Дополнителен поттик за подобра продажба на HTC може да се очекува и од најавите на Facebook дека HTC First ќе биде единствениот паметен телефон кој ќе го користи новиот софтвер Home кој беше претставен пред неколку дена.
Меѓутоа аналитичарите се согласуваат дека заработувачката која HTC ја очекуваше во првиот квартал е засекогаш загубена, а дека и во наредниот период приходот ќе зависи од способностите на компанијта да одговори на веќе прифатените порачки.