Северна Кореја извршила подготовка за испукување балистичка ракета

Од:

Извор од јужнокорејското разузнавање изјави дека Северна Кореја извршила подготовка за испукување балистичка ракета кое може да се случи уште утре.

– Врз основа на добиени информации може да тврдиме дека Северот изврши подготовка за испукување ракета, изјави изворот за јужнокорејски медиуми.

Според него, јужнокорејски и американски воени претставници планираат да ја проследат евентуалната траекторија на севернокорејската ракета. За таа цел ќе бидат во акција два воени брода опремени со ракетен систем Иџис.

Јапонија исто така префрли два воени брода со тој систем и ракети СМ-3 во Јапонското Море. Токио е подготвен за пресретнување евентуална ракета или нејзини остатоци во случај на паѓање врз јапонска територија.

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња