Раководството на бундеслигашот Борусија Дортмунд подготви по 100 илјади евра за секој играч доколку екипата успее да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Покрај поволниот резултат 0:0 од првиот дуел во Шпанија, ова е дополнителен мотив за германските фудбалери во пресрет на вечерашната средба со Малага.
– Да се биде дел од четирите најдобри екипи во вакво големо натпреварување е достигнување за респект и затоа се одлучивме да ги наградиме фудбалерите дополнително, за евентуален пласман во полуфиналето, истакна Ханс Јоаким Вацке, претседателот на „милионерите“.
Натпреварот од четвртфиналето во Лигата на шампионите Борусија Дортмунд – Малага ќе започне вечерва во 20 часот и 45 минута.