Тренерот на Галатасарај Фатих Терим и покрај високиот пораз од 3:0 во првиот дуел, верува дека неговата екипа на реваншот има шанса да ја надополни негативата против Реал Мадрид.
– Во фудбалот чуда се случувале и сме биле сведоци на такви нешта. Ние ќе се обидеме да ја вратиме неизвесноста во овој двомеч со фаворизираниот противник. Тоа нема да биде лесно со оглед на резултатот од Мадрид, но играчите се многу мотивирани и подготвени да дадат се од себе за конечна победаи изјави Терим во пресрет на дуелот со Реал.
Домаќините на оваа средба ќе настапат ослабени поради отсуството на Бурак Јилмаз (два жолти картони), сезонава вторт стрелец во ЛШ со осум постигнати голови.
Реванш-четвртфиналниот натпревар Галатасарај – Реал Мадрид ќе се одигра вечерва на „Турк Телеком Арена“ во Истанбул со почеток во 20 часот и 45 минути.