Генералниот секретар на Обединетите нации, Бан Ки Мун ја повика Северна Кореја да се воздржи од нови провокации, додека Сеул нешто претходно потврди дека Пјонгјанг подготвува ново тестирање на балистички ракети.
-Ја повикувам Северна Кореја веднаш да се откаже од потегот кој ќе предизвика нови провокации – изјави Бан.
Генералниот секретар нагласи дека тоа е итен и искрен повик на меѓународната заедница.
-Демократската Народна Република Кореја не може да продолжи така, не смее да се спротивставува и да го оспорува авторитетот на Советот за безбедност и меѓународната заедница-додаде тој.
Елена Георгиевска