Словенечка донација за МВР вредна 110 илјади евра во заштитна опрема

Од:

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје ја прими донацијата од Владата на Република Словенија за Министерството за внатрешни работи што се состои од 100 илјади маски и 100 илјади ракавици во вкупна вредност од 110 илјади евра.

-Имајќи го предвид моментот во која помошта доаѓа таа е од исклучително значење за нас. Во оваа прилика сакам пред се во мое, и во име на Министерството за внатрешни работи да се заблагодарам на словенечкиот премиер Јанез Јанша и нашите пријатели од Словенија. Секоја донација и секоја помош е исклучително важна и значајна за Министерството за внатрешни работи и истата ќе ги зајакне и поддржи нашите секојдневни напори за заштита на полициските службеници кои во рамки на своите работни обврски и задачи деноноќно се изложени на ризикот од зараза со корона вирусот, истакна министерот Чулев.

На предвањето на помошта присуствуваше и амбасадорот на Република Словенија Милан Јазбец.

-Чест ми е што сме прва земја членка на Европската Унија и НАТО што дава билатерална донација за полициските службеници и задоволството од овој факт е навистина големо, истакна Јазбец.

МВР, додаде Чулев, останува посветено во процесот, првенствено за соодветна контрола на спроведување на мерките и одлуките кои се донесени од страна на Владата, а потоа и во обезбедување соодветна заштитна опрема за своите вработени со цел соодветна превенција од пандемијата со која се соочуваме.

Би можело да ве интересира

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски

СДСМ: МВРО-ДПМНЕ на старите патеки, МВР набавува сомнителен софтвер за прислушкување

Малолетници избоделе жител на Студеничани, со тешки повреди сместен во болница

Катерина Ѓуровски

СДСМ достави документи до ДКСК: Бара постапка за тендерот во МВР

Пирц Мусар: Грешката на ЕУ беше што престанавме да комуницираме со Русија