Повеќе од 75 отсто од клучните кинески компании во надворешно-трговскиот сектор го продолжија работењето откако епидемиолошката состојба во земјата се подобри, изјави портпаролот на кинеското Министерство за трговија, Лиу Чанџу на денешниот брифинг за новинарите.
„Ситуацијата во врска со обновата на надворешно-трговските компании покажува позитивен тренд. Од 30 март годинава, 75,6 проценти од најголемите надворешно-трговски компании започнаа со работа, а нивото на искористеност на нивните капацитети е над 70 проценти“, прецизираше портпаролот на кинеското Министерство за трговија.