Хачинсон: Горди сме што ја имаме Северна Македонија како сојузник во НАТО

Од:

Горди сме што ја имаме Северна Македонија како полноправна членка на НАТО. Народот на Северна Македонија покажа голема храброст во прифаќањето на оваа политичка одлука, изјави за МИА постојаниот претставник на САД во НАТО, амбасадорката Кеј Бејли Хачинсон.

– Тие работеа цели 20 години да станат членка на НАТО, и многу сме горди што им посакуваме добредојде, изјави таа денеска на видео брифинг за новинарите.

Таа додаде дека вратата на НАТО останува отворена за земјите кои сакаат демократија, слобода, слободи медиуми, човекови права и владеење на правото.

– Овие се основните вредности што членките на НАТО ги поседуваат и се заколнаа да ги штитат. Македонија, Северна Македонија, дојде во пресрет со неопходните реформи, и ние сме многу горди што ја нарекуваме сојузник, изјави Хачинсон.

Брифингот на постојаниот претставник на САД во НАТО се оддржа во пресрет на министерскиот состанок на воената Алијанса што утре се оддржува во Брисел.

На состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на шефови на дипломатии ќе присуствува и македонскиот министер на надворешни работи Никола Димитров.

Ова ќе биде прво учество на Северна Македонија, на едно заседание на Алијансата како полноправна членка на НАТО.

Би можело да ве интересира

Бабиш: Големите земји-членки на НАТО треба да платат за понатамошна помош за Украина

НАТО најавува нови проекти во вселената и ракетната одбрана

Горан Наумовски

Трамп повторно го критикува НАТО, разочаран од недостатокот на поддршка за САД

Горан Наумовски

Шпанија се противи на планот на Трамп за НАТО

Катерина Ѓуровски

„Политико“: Источното крило на НАТО се подготвува за конфликт со Русија, Европа се плаши дека ќе биде оставена сама

Лидерите на НАТО ќе се соберат во Анкара зa да ги намалат тензиите со Трамп

А1он