Жива жена во кочанската болница прогласена за мртва, полицијата го истражува случајот

Од:

Лажна информација за почината жена од Кочани е предмет на полициска истрага, откако во неделата попладне поради сериозни здравствени проблеми таа била однесена во кочанската Општа болница.

Членовите на нејзиното семејство добиле известување за случајот по што почнале подготовки за погреб, но кога со погребен оператор отишле да го подигнат телото на жената дознале дека таа е жива.

-Мојата 58-годишна мајка има прележано два мозочни удари и поради влошување на здравствената состојба побаравме итна медицинска помош, по што ја однесоа во болницата. Вечерта ни јавија дека починала, поради што ги известивме роднините и пријателите, купивме погребна опрема, обезбедивме гробно место и испечативме некролози. Утредента кога отидовме да ја земеме од болницата ни рекоа да почекаме додека најдат на кое одделение починала. Ја најдовме на интерно, но нè известија дека е жива, истакна синот Благојче Дончев.

Од Општата болница во Кочани го потврдија случајот за кој веќе е спроведена внатрешна контрола, по што е повикана и полицијата.

– Во тек е истрага за случајот. Претпладнево вработени во болницата се повикани да дадат исказ во полициска станица. Истрагата треба да ги открие виновниците, истакна Александар Серафимов, директор на Општа болница Кочани.

Од семејството Дончеви рекоа дека очекуваат соодветни санкции за сите вклучени во случајот, а поради состојбата со коронавирусот не можат да ја посетат мајка си, па сите информации за нејзината здравствена состојба ги добиваат преку матичниот лекар.

Би можело да ве интересира

Тошковски и Мицкоски се обидуваа да ја сокријат вистината за Кочани, велат од СДСМ

Горан Наумовски

13 полицajци осомничени дека не спречиле користење на пиротехника во „Пулс“ која беше фатална за 62 лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петрушевски: Со доказите кои ги обезбеди МВР се докажа кој е виновен за трагедија во Кочани

Три фирми и 34 лица се обвинети за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани

(ВИДЕО) Костовски: Јанев, Тошковски и Мицкоски се одговорни што нема целосна правда за трагедија во Кочани

Горан Наумовски

Апасиев: Сите уапсени полицајци се наведени во кривичната пријава против Мицкоски