Сенаторот на Јужна Каролина, Линдзи Грам упати апел до Кина да ги затвори своите пазари од каде се смета дека произлезе коронавирусот, заканувајќи се дека ќе ја користи американската трговија се додека власта во Пекинг не направи нешто за да ги намали ширењата на вирусот.
„Што може Кина да направи за да му помогне на светот? – Да ги затвори пазарите“, кажа сенаторот и голем поддржувач на американскиот претседател, Доналд Трамп.
Гостувајќи во емисијата „Фокс и пријателите“ тој соопшти дека планира да испрати писмо до Светската Здравствена Организација (СЗО) и на кинескиот амбасадор во земјата по сознанието дека во Кина се уште има продажба на лилјаци и зајаци на и околу локалните пазари.