Четворица битолчани не го почитувале полицискиот час

Од:

Основното јавно обвинителство Битола во текот на денешниот ден до Основниот суд Битола достави предлози за издавање казнени налози против четири лица кои биле затекнати при непочитување на забраната за движење во текот на полицискиот час, информираат од Јавното обвинителство.

-Лицата се обвинети за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик. Имено, тие не постапиле според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за сузбивање или спречување на заразната болест COVID-19, односно не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија, се вели во соопштението на обвинителството.

Обвинителството на Судот му предложи да определи парична казна за секој од обвинетите во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една една глоба да се определи на 20 евра во денарска противвредност.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште затворена обиколницата околу Битола, сообраќајот се пренасочува преку градот

Лажниот лекар „дере“ низ Битола: Од новата жртва зема 9.600 евра

Битолчанец сакаше да си ги убие децата, а нападна и полицајци во станица

Горан Наумовски

Уапсен е малолетник кој со „тико“ прегази битолчанец – возилото е одземено

А1он

76-годишна жена нова жртва на измама, остана без 7.000 евра

Кучиња-скитници тешко повредија двегодишно дете од Битола

Горан Наумовски