Во Кина денеска се регистрирани четири нови смртни случаи, а во неделата е потврден 31 случај на коронавирус. Во Вухан веќе неколку дена нема нови заразени, се отвораат продавниците и животот полека почнува да се враќа во нормала.
Тоа го соопшти кинеската национална здравствена комисија, а пренесе Ројтерс.
Како што се наведува, во Вухан од каде започна ширењето на новиот коронавирус, веќе шести ден по ред нема ниту еден забележан случај, продавниците започнаа повторно да се отвораат, а граѓаните полека да се враќаат во секојдневниот живот по неколку месеци карантин.
Во градот повторно е отворен и трговскиот центар „Вухан интернешнал Плаза“ во кој се наоѓаат продавници на луксузните брендови како Картие и Луј Витон, а на влезот се почитуваат мерките на дистанца од 1,5 метри и се проверува температурата.