Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти денеска дека САД нема да го плаќаат обезбедувањето на британскиот принц Хари и неговата сопруга Меган.
Според американските медиумите, тие се преселиле во Лос Анџелес.
„Сега тие се преселиле од Канада во САД, сепак, САД нема да ја плаќаатнивното обезбедување. Тие мораат да платат!“, напиша Трамп на Твитер.
Хари и Меган во јануари објавија дека ги прекинуваат своите активности во рамките на британското кралско семејство, со цел да станат финансиски независни.