Повикот на севернокорејските власти до странските дипломати во Пјонгјанг да ја напуштат земјата претставува обична провокација, бидејќи нема никакви показатели дека се подготвува војна, изјави австралискиот министер за надворешни работи Боб Кар.
Во интервју за телевизијата Еј-Би-Си, Кар нагласи дека не е исклучена можноста Северна Кореја да изврши ново тестирање на балистичка ракета, но, според него, Пјонгјанг нема намера да ги нападе САД или некоја американска база во Тихиот Океан.
– Севрнокорејскиот режим е агресивен и нерационален, но не е склон кон самоубиство, нагласи Кар.
Во меѓу време, јапонските медиуми објавија дека Владата на Јапонија планира да им нареди на своите вооружени сили да ја соборат секој ракета лансирана од Северна Кореја која ќе се движи кон јапонската територија.
Според тврдењата на медиумите, ваква наредба „денеска или за ден-два“ се очекува да издаде јапонскиот министер за одбрана Ицунори Онодера, но таа нема да биде обелоденета.
Претходно и Белата куќа соошти дека не би била изнадандена доколку Северна Кореја изврши нова ракетна проба, особено по добиените информации за префрлање на две севенокорејски ракети со среден дострел на источното крајбрежје на земјата.