„Катимерини“: Мигрантите го празнат импровизираниот камп на грчко – турската граница

Од:

Грчките власти, доцна синоќа забележаа чекори за празнење на импровизираниот камп кај Кастањес, пишува утрово грчкиот весник „Катимерини“ и додава дека мигрантите насобрани на турска страна на границата со Грција, полека си заминуваат и масовно со автобуси се враќаат кон Истанбул, јави дописничката на МИА од Атина

Според информации на весникот, целата таа раздвиженост била организирана од турските власти.

Кусо по полноќ, мигрантите започнале да ги пренесуваат шаторите и останатите предмети кон шумата, а подоцна и ги запалиле.

-Според извори од Генералштабот на армијата се задржува највисокото ниво на подготвеност, бидејќи шумата во Кастањес е доста густа и движењето, би можело да се искористи и за да го одвлече вниманието на властите, но и нивната подготвеност, пишува „Катимерини“ и додава дека денеска на грчко – турската граница ќе пристигнат Министерот за одбрана на Грција и Началникот на Генералштабот на грчката армија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос