Ќучук: ЕУ конечно одговори на очекувањата на земјите од Западниот Балкан

Од:

Европската унија конечно успеа да одговори на очекувањата на земјите од Западниот Балкан и на нивните граѓани, кои долго чекаат да започнат преговори за членство, оцени бугарскиот европратеник и известувач на Европскиот парламент за земјава, Илхан Ќучук по одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да донесе политичка одлука за почеток на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија.

– Таквата одлкука сега е уште позначајна, не затоа што ги покри разочарувањата од одлуката на Самитот во октомври, туку затоа што Европа и светот се наоѓаат во состојба без преседан. Зеленото светло за почеток на преговори за членство со Северна Македонија и Албанија, покажа дека Европа може да носи одлуки и во кризни моменти, изјави Ќучук.

Тој наглaси дека во услови на пандемија на коронавирусот ЕУ не смее да ги заборави земјите од Западен Балкан, па затоа со група европартеници побарале од Европската комисија да предложи ефикасни мерки за помош на државите од регионот за борба против Ковид-19.

– Само така ќе бидеме способни да ја совладаме оваа пандемија, додаде Ќучук.

Би можело да ве интересира

Хегсет: Европа треба да преземе водечка улога во одбраната на сопствениот континент

Лавров: Не е лошо Украина да се приклучи на ЕУ – така ќе се уништи Унијата

Горан Наумовски

Мерц: Европа и САД го усогласија својот став за Украина

Зеленски: Украина е подготвена да го забрза пристапувањето кон ЕУ и да ги отвори сите кластери

Израелците во Европа ги продаваат палестинските производи како свои

ЕУ и Молдавија го отворија првиот кластер за преговори за пристапување

Горан Наумовски