Гувернерот на Сицилија Нело Мусумеци денеска го затвори влезот на островот преку теснецот Месина.
– Само полицијата, војската, здравствените работници и граѓаните кои користат превоз сега ќе можат да го преминат теснецот што ја одделува Сицилија од континентална Италија, рече Мусумеци.
Според него, јасни се мерките на Сицилија.
– Никој повеќе не може да влезе во Сицилија, тоа го знае министерот за внатрешни работи, премиерот Конте го знае тоа, министерката Бочи го знае тоа, сите во Рим знаат, истакна гувернерот Мусумеци.