Ограничување на движењето и во прифатните центри за бегалци и мигранти во Грција

Од:

Посебни правила и ограничувања на движењето важат за прифатните центри за бегалци и мигранти во цела Грција, согласно министерската одлука издадена од Министерствата за здравство, за миграција и азил и за цивилна заштита на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

До 21 април 2020 се ограничува движењето и во периодот од 7 до 19 часот дозволен е излез од камповите на претставник на семејствата или групите само за да се покријат основните потреби за снабдување со прехранбени продукти, додека пак предвидени се специјални здравствени единици, за доколку се појави случај на коронавирус, веднаш да реагираат.

-„Остануваме дома“ важи за сите. Со одговорност на грчката полиција, ќе бидат дозволени логични движења и само за да се покријат основните потреби помеѓу 7 и 19 часот, вели министерот за миграција и азил на Грција, Нотис Митаракис, во однос на одлуката на трите министерства.

Целта на мерките е превенција од Ковид-19 во центрите за прием и регистрација на бегалци и мигранти.

Говорејќи за грчкото радио „Параполитика“, Митаракис рече дека за сега не е регистриран ниту еден случај на коронавирусот во бегалските кампови, а кога постојат симптоми се прават истите тестови и анализи, како и за сите други.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Гевгеличанец и пакистанец шверцувале Kинези во Македонија

Анита Петровска Рајковиќ

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос