Актерот Том Хенкс сподели ажурирање од неговата здравствена состојба откако се зарази со коронавирус, тој ги увери фановите дека заедно со неговата сопруга Рита Вилсон „се чувствуваат подобро“ две недели откако ги почувствуваа симптомите.
Актерот беше во изолација во Австралија, откако објави на почетокот на март дека на тестот за коронавирус е позитивен.
Во објавата на Твитер, тој напиша: „Еј, луѓе. Две недели по првите симптоми и се чувствуваме подобро. Засолништето функционира на овој начин: Вие не му го пренесувате на никого – и не го добивате од никого. Здрав разум,зар не?“.
— Tom Hanks (@tomhanks) March 23, 2020
„Ова ќе потрае некое време, но ако се грижиме едни за други, помогнеме каде што можеме, ова ќе помине. Можеме да се справиме со тоа “, додаде актерот на социјалната мрежа.