Познатиот филмски продуцент Харви Вајнстин, кој неодамна беше осуден на 23 години затвор за силување и сексуален напад, е позитивен на коронавирусот, објавуваат американските медиуми.
Вајнстајн (68) сега е во изолација во Казнено-поправниот дом „Венде“ во близина на Бафало, Њујорк, изјавиле официјалните лица на државниот затвор.
Вајнстин е осуден на 23 години затвор за повеќе дела, за силување на поранешната асистентка Миријам Хејли во 2006-та година и актерката Џесика Ман во 2013 година.
На прогласувањето на казната, кон средината на месецов, продуцентот го донесоа во инвалидска количка. Адвокатите на Вајнстин бараа поблага казна од пет години. Тие потенцираа дека поради здравствената состојба на нивниот клиент, дури и петгодишна казна затвор може да биде доживотна.
Скандалите околу Вајнстин избувнаа летото 2017 година, кога неколку актерки изјавија дека во текот на неколку години продуцентот, злоупотребувајќи ја својата службена положба, ги принудувал на полови односи со него.
Веднаш потоа околу 80 жени излегоа се жалби за сексуално вознемирување сторено од Вајнстин, помеѓу кои и Анџелина Џоли, Гвинет Полтроу и Ума Турман.