Документи за Епстин: „Принцот Ендру добиваше секојдневни масажи“

Од:

Принцот Ендру уживал во секојдневните масажи додека минувал недели во домот на Џефри Епстин во Флорида, сведочеше човекот кој го одржувал домот на Епстин чист, според најновиот сет на документи објавени за милијардерот педофил.

Новообјавените документи вклучуваат транскрипт од видео интервју со Хуан Алеси, кој работел во резиденцијата на финансиерот педофил во Палм Бич, Флорида. Алеси се соочи со прашања на суд во 2009 година за врската на Епстин со војводата од Јорк и неговата поранешна сопруга Сара Фергусон.

Тој рече дека верува оти поранешната војвотка од Јорк го посетила домот на Епстин на Флорида само еднаш и накратко, но за принцот Ендру рече дека бил таму со недели. На прашањето колку често добива масажи, Алеси одговори: „Јас би рекол, дневни масажи“.

Ендрју се повлече од јавниот живот поради неговите врски со Епстин во ноември 2019 година, а потоа беше исфрлен од монархијата и му беа одземени титулите откако Вирџинија Џуфре, една од наводните жртви на Епстин, го обвини дека сексуално ја нападнал кога имала 17 години.

Има над 1000 страници во третиот и четвртиот сет на објавени документи.

Документите беа дел од тужбата Џуфре поднесена против поранешната девојка на Епстин и долгогодишна соработничка Гислајн Максвел. Во најновите документи се споменува осудениот сексуален предатор Харви Вајнштајн, поранешен холивудски магнат.

Би можело да ве интересира

Харви Вајнстин прогласен за виновен и на второто судење за силување

ВИДЕО: На Вајнстин сепак ќе му се суди за силување во Лос Анџелес

Ана Ололовска

ВИДЕО: Вајнстин се изјасни за невин за силувањата во Лос Анџелес

Ана Ололовска

На Вајнштајн одземено британското признание за придонес во филмската индустрија

Ана Ололовска

Жртвите на Вајнстин ќе добијат приближно 19 милиони долари

Ана Ололовска

Осудениот продуцент Харви Вајнстин позитивен на коронавирусот

А1он