Почнува европско клиничко испитување со хлорокин или хлорокинин против коронавирусот

Од:

Во Франција почна европско клиничко испитување за проценка на четири експериментални третмани за борба против коронавирусот, соопшти денеска Националниот институт за здравство и медицински истражувања (Инсерм).

Третаманот е наречен „Дискавери“ и во него има хлорокин или хлорокинин, што е третман против маларија, со кој се добиени ветувачки резултати во борбата против коронавирусот. Ова посебно за време на студијата спроведена врз помал број на пациенти во Марсеј.

Тестирањето го спроведува професорот Раулт, директор на Болничкиот универзитетски инстиут Медитеран Инфекција во Марсеј. За шест дена, професорот инјектирал дваесетина пациенти со „Ковид-19“ со доза од 600 мг дневно на Плакенил (името на лекот што се продава на молекула добиено од хлорекин).

-Спектакуларно е, просечното оптеретување на вирусот се нормализира за 20 дена. […] Пациентите кои не го добиле Плакенил, после шест дена сè уште носат 90 отсто од вирусот, додека оние кои добиле третманот се 25 отсто позитивни, објасни докторот на 16 март 2020 година. Тој заедно со хлоракинот користел и третаман со азитромицин, за да се избегнат секундарни бактериски инфекции ”.

Покрај во Франција во Марсеј, слични студии биле спроведени во Кина, Иран, Јужна Кореја и Саудиска Арабија.

Клиничкото тестирање што ќе почне „има за цел да ја анализира ефикасноста и толеранцијата на терапевтски опции за пациенти во ограничено време“, објаснува Инсерм во соопштението за печатот.

Покрај хлорокин, со тестот се оценува и ремдесивир, лопинавир во комбинација со ритонавир, додека последниот третман е или не е комбиниран со интерферон бета.

Во францускиот дел на тестовите, ќе бидат вклучени најмалку 800 пациенти со тешки форми на коронавирус. Вкупно ќе бидат опфатени 3.200 пациенти во Европа, поточно во Белгија, Холандија, Луксембург, Велика Британија, Германија и Шпанија.

Добиените податоци ќе бидат споделени со уште едно меѓународно тестирање под името „Солидарност“, што ќе се спроведе под покровителство на Светската здравствена организација.

Клиничкото тестирање доаѓа кога се повеќе и повеќе се бара хлорокинот да се користи за борба против коронавирусот, министерот за здравство на Франција повика на претпазливост, потсетувајќи дека надежите побудени од некои третмани понекогаш биле разочарувачки.

–Ако овој третман е ефикасен, ние ќе им го понудиме на Французите без одлагање“, рече Оливие Веран на ЛЦИ, додавајќи дека неколку пациенти третирани во француските болници експериментирале со тоа.

Според него, во рок од 15 дена треба да има консолидирани податоци за резултатиите од тестирањето.

Page 2 of 2

Би можело да ве интересира

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска

Шефот на СЗО: Не можеме да знаеме како настанала короната додека Кина не ги објави своите податоци

Ана Ололовска

Се појавија нови информации за потеклото на короната: СЗО бара Кина да ги објави

Катерина Ѓуровски