HTC First e првиот телефон со Facebook Home.
Facebook Home e нова апликација која го претвара вашиот Android во Facebook телефонот е достапен само за мал број на најнови телефони.
Ако сакате Facebook Home и имате постар модел, тогаш… купете нов телефон. За жал „апликацијата“ премногу го оптоварува телефонот и мал е бројот на телефони кои ќе можат да ја подржат HTC One X, HTC One X+, Samsung Galaxy S3 и Note II. Од следната генерација се новиот HTC One и Samsung Galaxy S4, пишува Gizmodo.
HTC First ќе биде поефтин од другите. Телефонот доаѓа со 4.3-инчен 720р дисплеј, 1.4 GHz Qualcomm Snapdragon 400 процесорm 16 GB RAM и 16 GB простор.
Оперативниот систем Facebook Home е изграден над Android 4.1 Jelly Bean. Телефонот доаѓа со 2000 mAh. Очигледно е дека телефонот нема да им се допадне на Android ентузијастите, но целна група на HTC пред се треба да бидат зависниците од друштвена мрежа. Цената на телефонот е прифатлива (барем во САД), и чини околу 100 долари.