Четири членови на исто семејство починале од коронавирус во Њу Џерси, САД. Сега, тројца нивни роднини се хоспитализирани во болница бидејќи се позитивни на вирусот.
73-годишниот Грејс Фуско и нејзините шест возрасни деца се разболеле по заедничка средба на семејството, пишува „ББЦ“. Таа и нејзините три деца починале по влошување на нивната состојба како последица на коронавирусот.
Скоро 20 нивни роднини сега се ставени во карантин и ги чекаат резултатите од тестирањата за коронавирусот.
Рита Фуско Џексон, ќерка на починатата Грејс Фуско, имала 55 години и била учителка во локално католично училиште. Таа претходно немама здравствени проблеми.
Нејзината сестра, Кармин Фуско,починала во средата, а неколку часа покасно и нејзината мајка, која пак, не знаела дека нејзините ќерки веќе му подлегнале на смртоносниот коронавирус.
Последната сестра, Винсент, починала еден ден подоцна.