Во делови на Софија со дрон со разглас се предупредуваат граѓаните да ги почитуваат мерките

Од:

Во  населбата „Факултет“, во бугарската престолнина Софија, од денеска со дрон ќе бидат информирани граѓаните за мерките кои се воведени против ширењето на коронавирусот и воедно ќе следи дали се групираат луѓе, јави БГНЕС.

Дронот над населбата со претежно ромско население, денеска беше пуштен во присуство на бугарскиот министер за внатрешни работи Младен Маринов. Бугарскиот министер воедно ја повтори препораката да не се патува доколку тоа не е неопходно и посочи дека на интернет страницата на Министерството има образец кој треба да се пополни доколку граѓаните мора да патуваат од едно во друго населено место.

Во Бугарија денеска се потврдени нови 21 случај на заразата. Вкупниот број на инфицирани во таа земја е 163, од кои тројца починале, а тројца се излекувани.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори