Вработен во кабинетот на Пенс заразен со коронавирусот

Од:

Член на кабинетот на американскиот потпретседател Мајк Пенс е позитивен на коронавирус, но ниту американскиот претседател Доналд Трамп, ниту Пенс, не биле во контакт со него, сооопшти ноќеска порпартолката на потпретседателот Кети Милер.

Милерс соопшти дека канцеларијата добила информација за тоа вчеравечер, но не наведувајќи за кој член на персоналот станува збор.

-Натамошните утврдувања на неговите контакти ќе следат согласно упатите на здравствените служби, рече Милер, мислејќи на Центрите за превенција и контрола на болестите (ЦДЦ).

Потпретседателот Пенс се наоѓа на чело на тимот што е задолжен за борба против коронавирусот во САД.

Кабинетот засега не потврди дали и самиот Пенс ќе се тестира на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

САД: Судири на пропалестински протести, приведени околу 300 студенти

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски