ЈуТјуб денеска најави дека ќе ги органичи содржините за корисниците во Европска Унија и во Велика Британија со цел да избегне преоптовареност на интернет серверите.
ЈуТјуб ќе го намали квалитетот на видеосодржините односно корисниците нема да можат да гледаат во „фул ХД“ резолуција, туку таа ќе биде намаленa со цел да се обезбеди интернет сообраќајот.
Одлуката ќе биде во сила следните 30 дена.
Карантинот во речиси сите европски земји поради новиот коронавирус го зголеми интернет сообраќајот за 50 проценти, а Европската комисија апелираше до Нетфликс и другите стриминг сервиси да го ограничат квалитетот на содржините.