Во Африка се очекува зголемување на бројот на заразени

Од:

Африка веројатно ќе се соочи со зголемување на бројот на заразени лица во наредните недели соопшти Африканскиот центар за контрола на болести.

Во моментов на континентот има малку повеќе од 600 луѓе заразени со новиот коронавирус.

Се претпоставува дека бројот на пациенти е поголем од што се мисли и оти некои случаи допрва ќе се регистрираат.

– Многумина кои се болни во моментов поминуваат „под радар“, изјави директорот на Африканскиот центар за контрола на болести, Џон Ненгасон. Тој смета дека поради тоа бројот на регистрирани случаи ќе се зголеми и дека забраната за патување го намалува, но и не го спречува ширењето на вирусот.

Бројот на заразени во Африка се зголемува значително побавно отколку во Азија и Европа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Се повеќе Европејци имаат необични миленици, издадено е предупредување дека се опасни

А1он

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски

Прва тужба во Германија поради последиците од вакцината против корона на Фајзер

Ана Ололовска

Кинески научник: Можно е пандемијата да започнала со истекување на вирусот од лабораторија

Ана Ололовска

СЗО прогласи крај на пандемијата на коронавирус

Ана Ололовска