Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска објави повик преку кој граѓаните и фирмите до 23 март на полноќ можат да предложат дигитални алатки за поквалитетно поминување на времето во тек на панедемијата со коронавирусот и за почитување на мерките за превенција и препораката за останување дома. За повикот се одвоени 10 милиони денари.
Се бараат решенија за полесно следење и ажурирање на информациите од властите поврзани со вирусот и превентивните мерки, за справување и превенција со ширење на лажни вести, за помош на лиоца со потреби со целосно почитување на превентивните мерки, за справување со предизвиците со воспитно образовниот процес, за следење на извршување на работните обврски од дома и во јавниот и во приватниот сектор.
-Може да се достават решение за квалитетно искористување на сободното време, што е особено предизвик за семејствата со помали деца, тука зборуваме за дигитални книжарници, игри, поврзување, натпревари,не поминување на време на на фејсбук и игри, решенија за одржување на физичка кондиција и дух, рече директорот на ФИТР Јован Деспотовски на он лајн прес-конференција.
Тој истакна дека рокот за изработка на краток концепт е 72 часа и е сосема доволен. Очекува солиден број предлози, меѓу кои и од поединци.
-Кое било решение за кое граѓаните или правните субјекти сметаат дека може да придонесе за поквалитетно и поефикасно справување со вонредните околности со кои сме соочени сега ќе биде разгледано и ќе добие можност да биде финансирано од наша страна. За рекордно кратко време е обезбедена поддршка од многу партнери, МАСИТ, Амбасадата на Швајцариија, УСАИД, УНДП и УНИЦЕФ. Тие ќе бидат дел од Комисијата со која заднички ќе ги разгледаат решенијата што ќе бидат подготвени во рок од 72 часа, а потоа за 48 часа ќе им се помогне да подготват план, а со тоа и буџет за реализирање на идејата, информира Деспотовски.
Избраните решенија треба да бидат целосно и бесплатно достапни за граѓаните во државава,а за во сранство политиката ја дефинира носителот на проектот.
Деспотовски најави дека ФИТР веќе работи на неколку можни решенија или мерки што ќе и ги понуди на Владата во наредните денови, а во насока на превенција односно надминување на негативните ефекти од кризата со коронавирусот, но и за поттикнување на економијата.