Јувентус го стави својот менаџер Маурисија Сари под посебен третман за да спречи да добие коронавирус. Двајца фудбалери на клубот веќе се тестираа позитивно за вирусот – Блејз Матуиди и Даниеле Ругани, кој беше првиот заразен играч во Серија „А“.
Тестот на Сари е негативен, но тој е изложен на ризик повеќе од другите. Менторот има 61 година и пуши три кутии цигари на ден. Тој е поранлив на заболувања на белите дробови. На почетокот на оваа сезона, тренерот страдаше од пневмонија.
Аурелио Виргили, близок пријател на Сари, кој го познава 20 години, откри како се чувствувал Сари.
– Разговарав со него пред три дена. Тој е во добра состојба и позитивен. Му недостасува дневната рутина и работа, но сега тој е фокусиран на она што може да го направи од дома. Тој гледа натпревари, тренинзи, анализира играчи. Тој е како машина, вели Виргили.
Тој додаде дека Маурисио не е сам, иако е изолиран во Торино.
– Тој го има Енрико, долгогодишен негов пријател. Таму е и неговото куче Чиро. Маурисио гледа многу фудбал, но тој исто така чита многу. Покрај тоа,си разменува шеги со Гвардиола за гласините на трансфер пазарот, додава тој.