Ѕвездата на Милан, Златан Ибрахимовиќ, преку видео порака на социјалните мрежи објави дека започнува кампања за донации чии средства ќе одат во болниците во Розано / Милано, Бергамо, Кастеланца и Торино, кои се борат со пандемијата од коронавирус.
– Здраво, јас сум Златан Ибрахимовиќ. Италија секогаш ми даваше многу и во овој драматичен момент сакам да и вратам уште повеќе на оваа земја што ја сакам. Одлучив да ги здружам силите со уште неколку луѓе за да создадам сметка за донации за болниците „Хуманитас“ и да ја искористам моќта на мојата комуникација за ширење на пораката. Ова е сериозен проблем и ни треба специфична поддршка која не е само видео, вели тој.
Тој вели дека очекува неговите колеги, професионални спортисти и на оние кои сакаат да направат донации, за да го задржат овој вирус подалеку.
– Заедно, можеме да им помогнеме на лекарите и медицинските сестри кои се жртвуваат себеси секој ден, работејќи да ги спасат нашите животи. Денес навиваме за нив. Ајде да го исфрлиме коронавирусот заедно и да победиме во оваа игра. Запомнете: ако вирусот не доаѓа кај Златан, Златан ќеоди кај вирусот, додаде Ибрахимовиќ.
In questo momento drammatico per l'Italia, abbiamo creato una raccolta fondi per gli ospedali Humanitas. Conto sulla generosità dei miei colleghi e di chi ha voglia di dare anche un piccolo contributo.
Diamo un calcio al coronavirus insieme!https://t.co/6o2cvUwEK6 pic.twitter.com/pT2wKxoJh5— Zlatan Ibrahimović (@Ibra_official) March 18, 2020