Бујар Османи по лидерската средба кај Стево Пендаровски рече дека сите политички партии се согласиле да се одложат изборите закажани за 12 април. Тој рече дека е тоа став и на ДУИ кои го кажале и претходно.
„Го кажавме ставот на партиите во однос на ширењето на вирусот и влијанието во изборниот процес, како и за одлуката што понатаму. По консултациите кои претседателот Ахмети ги имаше во текот на претходните денови со претседателот на поголемите политички партии, на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, денес разговаравме во поширок состав по однос на прашњето што понатаму со изборите. Заедничка е констатацијата дека изборите треба да се одложат. Тоа е став на ДУИ кои го промовиравме во претходните неколку денови“, рече Османи.
Според него, остаснува само да се види на каков начин политичката одлука ќе се имплементира, за што ќе се одлучува и во наредните денови.
„Сметаме дека здравјето на граѓаните е најважно, за разлика од другите политички процеси. Така што, задоволството е што постигнавме конзензус на сите политички партии да се донесе одлука за одложување на изборите. Начинот како ќе се одложат, односно правните аспекти како политичката одлука ќе се имплементира, останува претседателот заедно со експерти и натамошна консултација да се одлучува во наредните часови, односно денови“, додаде Османи.