Лидерот на СДСМ, Зоран Заев по лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски, кажа дека е договорено да не се одржат изборите на 12 април.
– Нема услови за изборите и сите ресурси ги ставаме во заштита на граѓаните. Имаме заеднички непријател-коронавирусот и не е време за политички противници. Сега треба да сме сите насочени натаму, сакам да најавам дека подготвуваме сет за економски мерки за најпогодените. Сите мораме да се однесуваме солидарно, ја отворив и потребата од воведување вонредна состојба, тоа е заради поефикасно да се донесат мерките за здравјето на граѓаните и за стопанстовото на граѓаните.