Хејгел: Заканите на Северна Кореја се сериозна опасност

Од:

Министерот за одбрана на САД, Чак Хејгел изјави дека закани на Северна Кореја претставуваат сериозна опасност за САД, Јапонија и Јужна Кореја.

-Северна Кореја поседува нуклеарни и ракетни капацитети и опасно ја засилува военоборбената реторика, што претставува опасност и закана за интересите на американските сојузници во регионот-изјави Хејгел.

Наведувајќи дека Пјонгјанг се заканил дека ќе ги нападне американските бази на островот Гуам и на Хаваите, тој оцени дека треба сериозно да се сфатат и дека САД на тоа ќе одговори на умерен, сериозен и одговорен начин.

Пјонгјанг во последните денови ја засили воената реторика и во сабота прогласи воена состојба со Јужна Кореја, а севернокорејскиот лидер Ким Џонг-Ун изјави дека е време да се расчистат сметките со американските империјалисти.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

„Кралот на криптовалутите“ од домашен притвор се враќа во затвор

Горан Наумовски

Шерман разговараше со корејски и јапонски министри за Северна Кореја, војната во Украина

А1он

ВИДЕО: Јапонија и Кореја влегоа во 2021 година

Жарко Настоски

Ванг: Прашањата на Корејскиот Полуостров да се решат со дијалог

ЦСИС: Забележани знаци на активност во севернокорејскиот нуклеарен комплекс Јонгбјон

Сверна и Јужна Кореја ги отстрануваат минските полиња