Ленс Армстронг планира да се врати на натпреварувачките патеки но не на две тркала, тој се пријави за пливачкиот шампионат Masters South Central Zone во Тексас бидејќи му е дозволено да се натпреварува во американските пливачки настани кои не се под правилата на американската или светската Анти Допинг Агенција.
Ленс е закажан да се натпреварува во трките на слободен стил кои ќе се одржуваат во неговиот роден град Остин.
На Армстронг му беа одземени седум Тур де Франс титули откако реши да не се брани против обвиненијата насочени против него во врска со допинг скандалот.