Светската здравствена организација (СЗО) денеска ги повика сите земји да ги засилат програмите за тестирање како најдобар начин да ја забават пандемијата на вирусот Ковид-19.
– Имаме едноставна порака за сите земји – тест, тест, тест, рече генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус на прес-конференција во Женева.
– Без тестирање, случаите не можат да бидат изолирани и синџирот на инфекција нема да биде „разбиен“, додаде тој.