Во Општина Гостивар во самоизолација 18 лица поради коронавирусот

Од:

На подрачјето на Општина Гостивар 18 лица кои изминативе денови допатувале од земји каде е регистиран коронавирус се во самоизолација.

Полициски извори ја потврдија информацијата и нагласија дека три од лицата кои се под надзор имаат решенија од здравствените власти да бидат во самоизолација, а останатите 15 имаат препорака да ги почитуваат превентивните мерки.

Градоначалникот на Општината, Арбен Таравари на денешната прес – конференција напомена дека на состанокот на кризниот штаб добил информација дека на подрачјетото на Општина Гостивар има извесен број лица кои се под контрола. Тие деновиве допатувале од Италија, Шпанија, Германија.

– Можеби некои од нив се движеле надвор, но во меѓувреме се предупредени и наложено им е да останат во домовите. Според она што ми беше кажано, тие се под целосна контрола на полицијата и надлежните институции. Упатувам апел да ги почитуваат мерките, бидејќи на таков начин ќе помогнат во надминување на состојбата, рече Таравари.

Тој нагласи дека иако ситуацијата е сложена, нема простор за паника.

Би можело да ве интересира

Таравари: Вознемиреност со чувство на вина, победата во октомври е многу блиску

А1он

Таравари го разреши Арбен Фетаи од партиската функција

А1он

Таравари ја напушти Владата и замина кај Рама во Тирана

Катерина Ѓуровски

Таравари се приклучи на блокот на криминалот и минатото, вели премиерот Мицкоски

Влен: Се зголемува бројот на луѓе разочарани од скандалозната одлука на Таравари да оди во скутот на Ахмети

Горан Наумовски

Вицепремиерот Фетаи го напушти Таравари: Гласот што не се продава никогаш не оди преку Ахмети

Катерина Ѓуровски